Се врши силен притисок врз УЕФА финалето на ЛШ да не се игра во Санкт Петербург

Раководството на Европската фудбалска унија, УЕФА, трпи силни критики по социјалните мрежи, а има и политички притисоци за преместување на финалето од Лигата на шампионите.

Засега УЕФА не планира да го премести финалето, кое треба да се игра на 28 мај во рускиот град Санкт Петербург.

Ако УЕФА се премисли и му го одземе домаќинството на Санкт Петербург, тоа би било трета сезона по ред во која финалето нема да се игра во планираниот град. Лани и преклани проблем беше пандемијата на корона-вирусот, па се играше во Португалија.

Најгласни во барањето санкции против Русија се Британците, па тие дури и предложиле финалето на ЛШ да се игра на „Вембли“ во Лондон. Но, викендот на 28 и 29 мај на „Вембли“ треба да се играат финалињата од плејофот во Лига Два и Чемпионшип, па тешко дека Англичаните ќе го ослободат стадионот за финале во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести