Сè за победа: Шокантен потег на женското СП во хокеј на трева (Фото)

Во предградие на Амстердам, во тек е Светско првенство во хокеј на трева за жени, а според виденото, се води жестока борба на терените. Чилеанките ја победија Република Ирска со 1-0, а тимот од Јужна Америка на моменти и не бираше средства и начини како да ги запре противничките.

На една фотографија се гледа како хокеарка на Чиле на неспортски начин, со палката удира по лице противничка која е во налет. Не е во духот на ферплејот, но барем спречи контра и можеби примање на гол.

- Оглас -

Најнови вести