Се загрева атмосферата пред Ел Класико: Анчелоти ѝ се закани на Барселона

Барселона ја задржа предноста од четири бода во однос на Реал Мадрид по одиграното 35-то коло. Сега следува Ел Класико, кое може многу да реши околу прашањето за тоа кој тим ќе биде шампион во шпанското првенство.

Барселона го има адутот затоа што е лидер на табелата, а каталонскиот гигант ќе ја има предноста и на домашен терен. Сепак, Реал Мадрид е клуб кој никогаш не се предава и никогаш не смее да се отпише предвреме. Тоа го знае и тренерот на Кралскиот клуб, Карло Анчелоти, кој најави дека мадриѓаните нема да заминат на ова тешко гостување со „бело знаме“ и дека ќе се борат да стигнат до трите бода.

„Ќе се подготвиме добро и ќе одиграме најдобро што можеме. Мечот нема да биде решавачки, но може многу работи да станат појасни. Треба да имаме предвид дека ни недостасуваат шестмина играчи во одбраната и тоа може да биде проблем“, вели Анчелоти.

Ел Класико ќе се игра на 11 мај.

- Оглас -

Најнови вести