Пресинг што не можат да го издржат: Ќе почнат да нѐ тестираат и пред спиење

Романските фудбалери протестираат против темпото со кое се тестираат на ковид-19 уште непочнати со фудбал. Камбекот е закажан за овој викенд, а мака со пречестото тестирање имаат и тројца наши интернационалци.

Стефан Ашковски и Давид Бабунски со Ботошани повторно со фудбал ќе почнат на 6 јуни, и тоа нагости во Крајова кај Универзитатеа во плејофот за титулата, а Марко Симоновски истиот ден ќе се рестартира со Волунтари против Академика Клинчени во битката за опстанок во Првата романска лига.

„Не знаеме веќе колку тестови имавме и колку ни остануваат до почетокот на првенството. Па ова е вистински циркус. Ќе нè принудат да се тестираме и пред спиење. Физички се чувствуваме одлично, но психички ќе попуштиме со целиот калабалак што се случува“, велат од Здружението на професионални фудбалери во Романија.

Во Романија до прекинот во март поради панедмијата со корона-вирусот веќе беа одиграни по две кола и во плејофот и во плејаутот.

Ашковски, кој игра стандардно сезонава за Ботошани, и Бабунски, кој го чека дебито за петтопласираниот клуб, ја минаа кризата со пандемијата во Романија и ќе се обидат во продолжението на сезоната да се изборат за настап во европските купови.

Многу потешка мисија ќе има Симоновски со Волунтари бидејќи неговиот тим ќе тргне од последното место во плејаутот, кон опстанок во Првата лига.

 

- Оглас -

Најнови вести