Се зарази со корона-вирус додека го славеше роденденот: Ги „китеше“ музичарите со пари, а сега ќе биде казнет (Видео)

Паузата за божиќните и новогодишните празници, напаѓачот на Наполи Виктор Осимен, ја искористи да го прослави својот роденден во родната Нигерија. Осимен направил роденденска забава на која имало многу луѓе и жива музика. Сите на забавата уживале без да носат заштитна маска поради корона-вирусот, па играчот на Наполи, кога се врати во Италија, дозна дека е позитивен на опасниот вирус.

Откако се појави видео на кое Осимен без да ги почитува протоколите ужива во музиката и се расфрла со пари, челниците на Наполи решија да го казнат непослушниот фудбалер кој нема да добие плата за следните две недели, додека е во карантин.

https://twitter.com/i/status/1345297503839784961

 

- Оглас -

Најнови вести