Се здебелил 20 килограми и дојде на тренинг а соиграч мислел дека е обезбедување (ФОТО)

Францускиот фудбалер Јорис Гнањон потпиша за Сент Етијен пред неколку дена, откако неколку месеци беше без ангажман.

Гнањон кој има 25 години и игра во дефанзивата претходно беше во Севилја каде што не се прослави, иако се очекуваше многу од него бидејќи беше платен 20 милиони евра.

Но, тој не ги задоволи очекувањата и му беше раскинат договорот, а во новиот клуб дојде со плус 20 килограми и прилично голем стомак за фудбалер, па така еден од соиграчите не го препозлан дефанзивецот на тренинг и мислел дека станува збор за некој човек од обезбедувањето.

- Оглас -

Најнови вести