Палермо е град во кој веќе неколку години многу добро знаат за македонскиот фудбал. Во Палермо со голем успех настапуваа двајца македонски репрезентативци. Александар Трајковски помина четири сезони во овој клуб, од 2015 до 2019 година. Одигра 113 меча и даде 20 гола.
Една година по Трајковски, дресот на Палермо го облече и Илија Несторовски. Тој беше три сезони во клубот и на 99 натпревари даде 39 гола. Токму Несторовски стана и миленик на навивачите, па ја имаше честа и да ја носи капитенската лента во Палермо. Домашните навивачи многу добро се сеќаваат на Несторовски, кој сега не е дел од националниот тим на Македонија, па фановите на Италија и Македонија заедно го поздравија голгетерот кој сега го носи дресот на Удинезе.