Се знае кој е судијата за дербито во четвртфиналето од Лигата на шампиони

Искусниот германски судија Феликс Брих ја доби довербата да го суди првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампиони меѓу Реал Мадрид и Ливерпул. Дуелот ќе се игра на 6 април на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид, а Брих ќе биде на центарот од игралишетото.

Адвокат по професија, Брих досега дури 10 пати му судел на Реал Мадирд. Последен пат минатата година во поразот на гости од Манчестер сити со 4:1. Тој беше на мечот во кој Реал загуби од Ајакс со 1:4 во Мадрид, но Германецот има донесено и радости за Кралскиот клуб.

Брих го судеше финалето од ЛШ меѓу Реал Мадрид и Јувентус, кога Кралскиот клуб стигна до 12-тата европска круна во сезоната 2016/17.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести