Дани Себалјос докажа дека „кармата е кучка“

Иако 55.000 навивачи на Бетис со свирежи го проследуваа секој негов контакт со топката, Дани Себалјос откако го даде голот за победа на Реал Мадрид, не се однесуваше провокативно, туку не се радуваше и побара прошка од фановите на „Бенито Вилјамарин“. Себалјос пред една и пол година од Бетис премина во Реал и вели дека не очекувал ваков непријателски однос кон него.

„Освоивме три тешко освоени бодови, би рекол златни бодови. Рамос ми рече јас да го шутирам слободниот удар. Го познавам голманот на Бетис од настапите во репрезентацијата. Среќен сум што победивме, но тажен сум што ме исвиркуваа навивачите. Ова е стадион на кој станав вистински фудбалер, не очекував ваков прием од публиката која со години ме поддржуваше и беше на моја страна, имам измешани емоции“, изјави Себалјос.

Претходниот гол на Реал Мадрид од слободен удар во меч од шпанската лига беше во минатата сезона, на гостувањето кај Малага, а погодокот беше дело на Иско. Иско е екс играч на Малага.

Интересно е тоа што Реал на гостување кај Бетис за првпат играше во бели дресови по далечната 1960 година, а „кралевите“ имаат две победи и едно реми на последните три меча на коишто имаа посед на топката помал од 30 проценти.

- Оглас -

Најнови вести