Себастијан Ерера – светла точка во македонското фудбалско сивило во Копенхаген

Данска нѐ врати во фудбалската реално и со убедлив триумф од 4-0 стави крај на нашиот мундијалски сон. Македонија ќе почека за можност да игра на Светското првенство, но она што загрижува е играта и слабиот настап речиси на сите фудбалери.

Сепак, ако може да се издвои светла точка во убедливиот пораз, тоа секако дека е „новиот“ Македонец – Себастијан Ерера. Колумбиецот кој во 2015 година пристигна во редовите на Работнички и долги години живееше во Македонија, пред да се пресели во Унгарија, а потоа и во Босна и Херцеговина, и е македонски зет, а фудбалската јавност се воодушеви од неговото пеење на „Денес над Македонија се раѓа“ во Копенхаген, кога не само што дебитираше, туку беше и стартер.

Ерера не само што гордо ја пееше македонската химна, беше одличен и на теренот, па заедно со голманот Столе Димитриевски, кој нѐ спаси од поголема катастрофа, се единствените кои може да добијат преодна оценка.

Тоа го потврдија и светските специјализирани портали, кои на Ерера му ја дадоа и најголемата оценка во нашиот состав.

Вистинско освежување за македонската репрезентација и фудбалер кој со сигурност е големо засилување.

Секако, како светла точка во поразот од Данска не смее да ги заборавиме и македонските навивачи, кои беа над 2.000 на „Паркен“ и во текот на 90 минути несебично ги бодреа нашите фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести