Сечија помош е добредојдена: НФЛ-шампион работи како болничар

Лорен Диверни-Тардиф, бекот на Канзас сити чифс, волонтира во болницата во родниот Монтреал која има недостаток на работници. Тој се приклучи во борбата против пандемијата и е единствен член од НФЛ лигата кој има докторска диплома, а работи во одделот за интензивна нега.

„Имав обука за употреба на заштитната опрема, иако на почетокот стравував како ќе се соочам со ситуацијата бидејќи дури кога почнав сфатив што се случува со овој вирус. Страв ми беше да не пренесам дома или пак заразам некој близок. Се пријавив да волонтирам бидејќи имаше недостаток на работници, моментално сум болнички помошник бидејќи тоа е единственото нешто за што имам дозвола да работам. Имам лекарска диплома, но не ја завршив програмата за специјализација. Најважно е секој да помогне колку што може“, вели Лорен.

Инаку Канаѓанецот пред само три месеци стана шампион на НФЛ лигата откако со Чифси ја освои првата Супербоул титула по пауза од речиси половина век.

- Оглас -

Најнови вести