Седма тениска лекција од Халеп за Цуренко

Симона Халеп и оддржа нова тениска лекција на омилената противничка Лесиа Цуренко и лесно се пласираше во осминафиналето на вториот гренд-слем во сезоната.

Ланската шампионка победи со 6:2, 6:1 во меч што траеше кусо, само 54 минути и сега го чека исходот од дуелот меѓу Пуиг и Свјатек, а победничката ќе и биде и противничка во дуел за четвртфинале.

Халеп редовно ја победува Цуренко, ова беше седми меч меѓу двете тенисерки и седма победа на Романката, која досега загуби само еден сет на сите меѓусебни дуели со Украинката.

Лани во Париз, Романката ја освои првата гренд-слем титула со победа против Слоун Стивенс со 2:1 во сетови, а и годинава е меѓу главните фаворитки за пехарот, рангирана како трета носителка.

- Оглас -

Најнови вести