Седми мај е фудбалскиот вулкан за Источна Европа – Чудесните одбрани на Дукадам ја крунисаа Стеауа на европскиот трон (Видео)

Хелмут Дукадам беше како мачка, несовладлив за играчите на Барселона повеќе од два часа на „Рамон Санчес Писхуан“ во Севилја, а неговите чудесни одбрани во пенал-серијата на денешен ден пред 34 години го одведоа пехарот од Лигата на шампионите за првпат на Истокот од Европа.

Романскиот гигант Стеауа со тој успех во финалето на Купот на европските шампиони стана првиот клуб од Источна Европа што станал фудбалски владетел на Стариот Континент.

Дукадам ги одбрани сите четири пенали што за Барса ги изведоа Алексанко, Педраза и Пичи и Маркос Алонсо, па головите на Лакатуш и Балинт и, пред сè, чудата на голманот на Романците конечно ја разбија апсолутната доминација на клубовите од Западна Европа. Во регуларниот дел и по продолженијата од половина час немаше голови.

За првпат во историјата на финалињата во КЕШ еден голман успеа да ги одбрани сите пенали на противничките играчи, а Севилја беше обоена во клупските симболи на романскиот првак.

Во шампионската генерација на Стеауа во тој период играа класа фудбалери од рангот на Белодедиќ, Лакатуш, Болоњи, Пицурка, Балинт… и, секако, херојот од Севилја, Хелмут Дукадам.

 

- Оглас -

Најнови вести