Седум денешни погодоци од Спортска прогноза, нудат супер добивка

Од Спортската прогноза во ова деветто коло, на денешната програма има седум мечеви кои се во понудата, а ако испадне според очекувањата на мнозинството прогнозери, ви се насмевнува фантастична добивка. Вкупната квота во обложувалниците на Sport Life за седумте средби е дури 664.

Возбудувањата започнуваат во 16.15 часот со дуелот Еспањол – Севилја. Безмалку 50 отсто очекуваат победа на гостите, поточно 48,3 проценти од прогнозерите кои учествуваа во прогнозирањето. Коефициентот за двојка во Sport Life е 2.70.

Потоа играат Ексцелзиор и Цволе, меч за кој мислењата се поделени, но најмногу типувале на „кец“, 37,59 проценти од прогнозерите. Квитата за единицата е привлечни 2.80.

Победа на домашните многумина (43,8 проценти) очекуваат и на дуелот Бордо – Рен. И оваа единица има убава квота од 2.70. Ако играте на нерешено, тогаш изборот паѓа на руското дерби Спартак Москва – Зенит. Со „икс“, прогнозирале 43 отсто од учесниците на Спортската прогноза. Коефициентот за нерешено на овој меч е 3.10.

Ваши фаворити за денеска се Челзи против Евертон, Валенсија против Хетафе и Милан во дербито со Интер. Двојка на Челзи играле 75,3 проценти, само 27 прогнозери типувале победа на домашните, што е помалку од 5 проценти од вкупниот број на учесници во 9. коло. Двојката на Челзи е со квота 1.98. Уште поголем е бројот на прогнозери кои и даваат предност на Валенсија. Дури 79,2 проценти од прогнозерите ставиле „кец“, а во Sport Life, коефициентот е точно 2.00, што воопшто не е за занемарување.

За крај, останува миланското дерби. Нешто над 60 отсто од прогнозерите сметаат дека ќе победи Милан. Ако се случи тоа, ќе погодите меч со квита 2.65.

Кога ќе се соберат коефициентите на седумте денешни мечеви според најголемиот број на добиени гласови, може да се направи убаво ливче кое ќе има вкупен коефициент од 664.

- Оглас -

Најнови вести