Седум фудбалери се непотребни во Манчестер јунајтед, сите се на продажба

Раководството на Манчестер јунајтед е подготвено да продаде дури седум фудбалери, се со цел да направи место за новите засилувања за следната сезона. На продажба се Хари Мегваер, Скот Мектоминај, Ентони, Џејдон Санчо, Виктор Линделоф, Арон Ван-Бисак и Кристијан Ериксен. За сите овие фудбалери ќе се чека понуда од заинтересирани клубови и ќе бидат слободни да си заминат.

„Црвените ѓаволи“ во овој преоден рок веќе ги ангажираа Џошуа Циркзе од Болоња за 42.5 милиони евра, како и Лени Јоро од Лил за 62 милиони евра. Како нови засилувања се почесто се споменуваат и Мануел Угарте, Матијас де Лихт и Нусаир Мазрауи. Сепак, за да пристигнат овие фудбалери, Манчестер јунајтед ќе мора да направи место и во ростерот, но и во буџетот, за да се запази финансискиот фер-плеј.

- Оглас -

Најнови вести