Седумкратната шампионка се откажа – Серена Вилијамс нема да игра на Австралија опен

Серена Вилијамс и дефинитивно го откажа учеството на првиот гренслем во новата сезона и нема да игра во Мелбурн на Австралија опен од 17. до 30. јануари идната година.

Седумкратната шампионка на турнирот, што е рекорд кај дамите во Опен-ерата на тенисот изјави дека не е комплетно физички подготвена за двонеделните напорни натпревари на гренслемот.

„Одлучив да го откажам учеството на Австралија опен и тоа воопшто не беше лесна одлука. Морав да ги послушам советите на мојот медицински тим, бидејќи не сум доволно физички подготвена за напор каков што бара настап на гренслем турнир“, изјави Серена Вилијамс.

Една од најтрофејните тенисерки на сите времиња со вкупно 23 пехари на гренслем турнирите веќе има 40 години и се помалку игра на тениските турнири.

Последен настап и беше летоска на Вимблдон, но и таму имаше здравствени проблеми и и го предаде мечот на Александра Саснович во првиот сет.

 

- Оглас -

Најнови вести