Седумкратниот првак е ироничен: Хамилтон е среќен што завршил петти во квалификациите

Ако денот се познава по утрото, ова ќе биде кошмарна сезона за Мерцедес во Формула 1. Актуелниот шампион во конструктори потфрли на квалификациите во првата трка од новата сезона во Бахраин.

Седумкратниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон заврши петтопласиран, додека Џорџ Расел ќе стартува од деветтото место во утрешната трка.

„Јас сум среќен што успеав да завршам петтопласиран со оглед на тоа какви проблеми имавме во минатите недели. Да се заврши петти и да се биде рамноправен со останатите кои што се ‘светлосни години’ пред нас е навистина голем успех.

Треба да продолжиме со спуштени глави и само да работиме. Само така може да се надминат пробелмите“ изјави Хамилтон.

Трката за ГН на Бахраин се вози утре во 16 часот а од пол позицијата ќе стартува Шарл Леклерк од Ферари, а зад него се првакот Макс Ферстапен од Ред Бул како и Карлос Сајнц исто така од Ферари.

- Оглас -

Најнови вести