Сефте победа за Гатузо на клупата на Марсеј и прв гол за Обамејанг

Фудбалерите на Олимпик Марсеј ја прекинаа серијата од четири меча без триумф во Лига 1 и седум во сите натпреварувања, откако денеска со 3:0 го совладаа Ле Авр со 3:0 во рамки на осмото коло.

Ова воедно беше и прва победа за Џенаро Гатузо, кој го наследи Марселињо Торал на клупата на Олимпик Марсеј. Првиот гол сезонава во Лига 1 го постигна и Пјер-Емерик Обамејанг и тоа во 21-та минута кога погоди за водство од 2:0 на неговиот тим.

Претходно, Санганте со автоголот во 18-та минута го отвори резултатот, а конечниот резултат го постави Сар во 84-та минута.

 

- Оглас -

Најнови вести