Сега доаѓа јакото: Серија А и Бундеслигата се вклучуваат на Спортска прогноза

Првото коло од третата сезона на Спортска прогноза може да го оцениме како загревачко, затоа што од 1.044 играчи, најголем успех имаше Христијан К., кој погоди 10 фикса од понудените 13 мечеви. Да имаше само уште еден погоден пар, Филип ќе добиеше вредносен ваучер од Sport Life, но тоа не значи дека треба да има откажувања, туку напротив, секое наредно коло резултатите да бидат подобри.

Веќе е започнато и второто коло, а во понудата од Среќна 13-ка се приклучуваат и дуели од италијанската Серија А и германската Бундеслига. Овие две атрактивни првенства започнуваат следниов викенд и, секако, ќе имате можност да прогнозирате средби од овие лиги.

Возбудувањата ќе започнат в сабота, со два меча од Бундеслигата, и тоа меѓу Вердер – Херта и Штутгарт – Фрајбург. Ќе може да прогнозирате и на Лидс на нашиот Езџан Алиоски во дуелот против Фулам. Од Серија А тука е мечот Фиорентина – Торино.

Дербито за ова коло е в недела, и тоа во Лондон меѓу Челзи и Ливерпул. Двата тима почнаа со победи и покажаа дека играат офанзивно, па ќе биде интересно како шампинот ќе се справи со ривалот кој потроши најмногу пати за нови играчи летово.

Тоа што е важно, доколку на некој од понудените мечеви се помести саатницата за почеток и се одигра пред терминот сабота 15:30 часот, тој дуел нема да се земе предвид, туку ќе биде додаден првиот од резервните средби.

Учеството во играта е бесплатно за сите членови на ексклузивниот Sport Life Клуб, како и за сите новорегистрирани корисници кои имаат активна сметка за online обложување на Sport Life.

Секогаш е интересно да се одигра затоа што не знаете кога може да погодите 11 или 12 парови и да добиете вредносни ваучери од 500 или 1000 денари во Sport Life. Доколку направите перфекција и ги погодите сите 13 натпревари, ќе бидете добитник на вредниот мобилен телефон Ајфон 11!

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести