Со пласманот на Манчестер јунајтед и Тотенхем во финалето на Лигата на Европа и официјално се потврди дека англиската Премиер лига во следната сезона ќе има дури шест клуба во Лигата на шампионите.
Премиер лигата има загарантирани четири места според рејтингот, добија едно место плус поради коефициентот на успешност на нивните клубови во еврокуповите сезонава, а во ЛШ оди и победникот на Лигата на Европа, кој ќе биде од Англија, и тоа клуб кој нема да биде меѓу првите пет на табелата во домашното првенство.
Во следната сезона во ЛШ, Англија ќе биде најприсутна со шест претставника, Шпанија ќе има пет клуба, а другите земји ќе имаат по четири или помалку.