Сега е официјално, Манчестер сити го има најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот (Видео)

Актуелниот европски и англиски шампион, Манчестер сити, и официјално го потврди трансферот на Јошко Гвардиол.

Хрватот на „Етихад“ доаѓа во рекорден трансфер, тој стана најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот откако Манчестер сити се согласи на Ред Бул Лајпциг да му плати отштета од 90 милиони евра плус милионски бонуси.

https://twitter.com/i/status/1687750293243428865

Сумата од 90 милиони евра е рекордна што еден тим ја платил за дефанзивец, досегашниот рекорд го држеше Манчестер јунајтед кој за Хари Мегваер на Лестер му плати 87 милиони евра.

„Конечно успеавме и се чувствувам одлично. Не ми беше тешко да го одберам Манчестер сити и горд сум што ќе соработувам со најдобриот тренер на светот. Отсекогаш сум сонувал еден ден да заиграм во Премиер лигата и доаѓањето во Манчестер сити, по тоа што ни го направија минатата сезона во ЛШ, навистина ме прави горд. Секој што го гледал Манчестер сити изминатите години, знае дека тие се најдобриот тим на светот“, изјави Гвардиол.

Хрватот ќе го носи дресот со бројот 24, а воодушевувањето не го криеше ниту менаџерот на Сити, Хосеп Гвардиола, кој е посебно импресиониран од презимето на новото засилување.

- Оглас -

Најнови вести