Сега е официјално, најбогатиот човек во Англија купи 25 отсто од акциите на Манчестер јунајтед

Најтрофејниот англиски клуб Манчестер јунајтед, и официјално потврди дека од денеска бизнисменот Џим Ретклиф е дел од сопственичката структура на клубот.
Најбогатиот човек во Обединетото Кралство за сума од 1,3 милијарда евра купи 25 отсто од акциите на Манчестер јунајтед.

Ретклиф повеќе од една година се обидува да го купи тимот за кој навива од мали нозе, а во игра беше и катарскиот шик Јасим бин Хамад ал Тани кој на крајот се откажа бидејќи актуелните сопственици, американското семејство Глејзер, не сакаше да ги продаде сите 100 отсто од акциите.

„Нашата заедничка амбиција е јасна: сите сакаме Манчестер Јунајтед да се врати таму каде што припаѓа, во самиот врв на англискиот, европскиот и светскиот фудбал. Како локално момче и голем навивач на клубот, многу сум задоволен што успеавме да се договориме со бордот на Манчестер Јунајтед кој ни ја додели одговорноста да управуваме со фудбалските операции на клубот.  Ќе донесеме глобално знаење, стручност и талент од групацијата ИНЕОС за да помогнеме во понатамошен развој на клубот, а исто така ќе обезбедиме средства за идни инвестиции на „Олд Трафорд. Тука сме долгорочно и сфаќаме дека ни претстојат големи предизвици и напорна работа, на кои ќе им пристапиме со професионализам и страст. Ние сме посветени да работиме со сите во клубот – бордот, персоналот, играчите и навивачите – за да му помогнеме на клубот да оди напред“ стои во сооштението на Ретклиф.

Тој веднаш ќе вложи 300 милиони евра и ќе биде задолжен за фудбалските операции. Негов прв потег ќе биде именување на спортски директор на Манчестер јунајтед и тоа ќе биде Жан-Клод Блан.

Наскоро би требало да биде решена и судбината на менаџерот Ерик тен Хаг, и медиумите шпекулираат дека наскоро тој ќе добие отказ. Причина за тоа се критиките кои изминатиот период ги упати Ретклиф на сметка на Тен Хаг.

 

- Оглас -

Најнови вести