Сега и Бразил знае зошто 13-та ја бројат како баксузна – Кариоките доживеаа историски неуспех на Мундијалите (Фото)

Бразил е единствената репрезентација што водела со 1:0 во продолженија во нокаут меч на Мундијалите и била елиминирана, а Кариоките сега знаат зошто 13-та е баксузна бројка.

Против Хрватска денеска во првото четвртфинале, Бразилците беа 13-та селекција што водела со 1:0 со гол во продолженијата од двапати по 15 минути и прва од сите нив што не успеала предноста да ја преточи во пласман понатаму.

Претходно сите 12 селекции низ историјата на Светските првенства што воделе со 1:0 со гол во продолженијата успеал да се изборат за настап во следната фаза.

Бразил поведе против Хрватска со голот на Нејмар во последната минута од првото продолжение, а Коцкестите израмнија во 117. минута и потоа го елиминираа петкратниот светски првак во пенал-рулетот.

Тие ќе играат во полуфиналето на Мундијалот во Катар, против подобриот од второто четвртфинале што почна од 20 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести