Сега и официјално: Мане по вторпат ја доби африканската круна за играч на годината (фото)

Садио Мане и официјално е избран за најдобар африкански фудбалер на годината, оставајќи ги зад себе колегите од Ливерпул, односно од селекцијата на Сенегал, Мохамед Салах и голманот Едуар Менди.

Мане по вторпат во кариерата ја добива престижната награда, првиот пат беше крунисан за африкански фудбалски крал во 2019 година.

Новата ѕвезда на Баерн имаше сезона за паметење. Го освои Африканскиот куп на нациите со Сенегал, се пласира на Светското првенство во Катар, ги освои куповите во Англија со Ливерпул, а играше и финале во ЛШ, во кое загуби од Реал Мадрид.

За најдобра селекција на годината е избрана токму Сенегал, додека по петти рекорден пат нигериската репрезентативка Асистат Ошола е фудбалска кралица на Африка.

- Оглас -

Најнови вести