Сега и официјално: Миротиќ во Барса, Де Коло во Фенер

Не е само НБА лигата која летово раздрма со големите и неочекувани преселби, нешто слично се случува и во најсилната европска лига. Барселона утрово го официјализираше ангажманот на Никола Миротиќ, поранешниот играч на Реал Мадрид.

„Предавството“ ќе трае две години колку што е договор на Миротиќ, а истиот ќе може да се продолжи на уште една сезона. Покрај каталонскиот гигант, големо засилување реализираше и Фенербахче.

Вчера се појавија информации дека Нандо Де Коло се согласил на преселба во редовите на турскиот вицепрвак, а денес Фенер и тренерот Обрадовиќ и официјално ги добија услугите на одличниот Французин. Де Коло исто како Миротиќ, потпиша двегодишен договор кој ќе може да се продолжи на уште една, дополнителна сезона.

Со овие ангажмани Барса и Фенер повторно ќе бидат меѓу фаворитите за освојување на Евролигата, на чиј трон сега седи ЦСКА Москва.

- Оглас -

Најнови вести