Сега и Швеѓаните се жалат – Има малку летови за Скопје, навивачите на АИК бараат алтернатива како да го гледаат реваншот со Шкендија

Сега и Швеѓаните се жалат на распоредот на летови и велат дека слаба е фрекфенцијата на летови од Стокхолм до Скопје, па се бараат алтернативни патишта за навивачите на АИК кои ќе сакаат да го следат реванш-дуелот со Шкендија на 11 август.

„Многу се слаби врските Стокхолм – Скопје и има малку летови во овој период, па најдобро е ако сте навивач на АИК и сакате да го гледате реваншот во Македонија, да патувате за Солун. Оттаму имате околу 3 часа возење до Скопје. Втора опција е да слетате во Ниш и да патувате за главниот град на Македонија, а и тоа ќе трае околу 3 часа“ е една од препораките за навивачите на АИК на социјалните мрежи.

Вечерва од 19 часот ќе се игра првиот меч од третото квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА, а АИК на „Френдс арената“ ѝ е домаќин на Шкендија.

Реваншот е за 7 дена во Скопје, а победникот во овој двомеч ќе игра финален бараж со подобриот од двомечот меѓу Фенербахче и Словачко за настап во Конференциската лига.

- Оглас -

Најнови вести