Сега точно ќе се знае што зборуваат судиите пред да донесат одлука додека гледаат ВАР снимка

Англиската Премиер лига планира да ја направи јавно достапна комуникацијата на судиите на теренот и колегите во ВАР собата. Со јавната комуникација меѓу судиите, ќе биде јасно зошто биле донесена некоја одлука, нешто што досега на многумина им беше нејасно во одредени ситуации.

Идејата е комуникацијата да биде во реално време, односно додека трае дебатата за донесување некоја одлука, или ако тоа не е возможно, тогаш комуникацијата ќе биде достапна по завршување на колото.

Во американската МЛС веќе се пробува ваква варијанта на јавна комуникација на судиите и таму директно се ставаат сите комуникации меѓу судиите и тоа на Youtube канал.

 

- Оглас -

Најнови вести