Сега треба да се покаже вештина – Спортската прогноза се врати со интересно коло

Спортската прогноза се врати на сцената и Sport Life и Спорт Манија продолжуваат со играта што предизвика одличен интерес, а што е најважно, е бесплатна, интересна и нуди многу вредни награди.

Првото коло во посткорона фудбалската ера е во тек, како продолжение на втората сезона на играта која ви е позната и бара само малку внимание, среќа и точни прогнози на 13 натпревари од основниот дел и две резервни двојки за да дојдете до супер награди.

Дербито на колото е дуелот во Леверкузен меѓу Баер и Баерн, а влогот е голем и мечот е особено значаен за домаќините. Баер е во трка за позиција што води во Лигата на шампионите и не смее да си дозволи пораз од шампионот. Сепак, тоа е полесно да се замисли отколку да се реализира против моќната машинерија на Баварците.

Баерн игра како по ноти и во продолжението на сезоната и на „Бај арената“ ќе ја брани максималната серија од четири победи по камбекот на Бундеслигата.

Во 28-мото коло има уште многу интересни двојки за прогнозирање, а наградите ви се веќе познати. Премијата во секое коло е „Iphone XS“ и за него би треба максимално точна прогноза на сите 13 двојки од основната програма.

За една утка Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, додека за 11 погодени двојки ви следува ваучер од 500 денари. Има уште доста награди, а не ги заборавајте и двата резервни пара коишто носат поени во битката за Генерален пласман.

Таму премијата е ТВ Смарт од 48 инчи, што ќе му биде доделен на шампионот по завршувањето на втората сезона на Спортска прогноза.

 

- Оглас -

Најнови вести