СЕХА лигата се засили со уште еден клуб од ЛШ – Добредојде за Мотор Запорожје

Мотор Запорожје од следната сезона ќе игра во СЕХА лигата, откако по долги преговори двете страни договорија соработка.

Мотор во последните неколку сезони е редовен учесник во Лигата на шампионите и со нивно учество СЕХА лигата ќе добие на квалитет.

„Мотор ќе биде квалитетно засилување за СЕХА лигата, бидејќи ни доаѓа нов тим, кој игра во Лигата на шампионите и доаѓа од голема земја, од Украина. Одлично ќе се вклопат во новиот систем на Регионалната лига, што ќе се игра во две групи со по шест тима.

Се радуваме на соработка со Мотор, а нашата лига со ова добива нов импулс и станјува се подобра од година во година“, изјави Михајло Михајловски, претседателот на СЕХА лигата.

Мотор долго беше во комбинација за влез во Регионалната лига, а нивните претставници конечно се согласија да станат дел од друштвото што е се поквалитетно од сзона во сезона.

- Оглас -

Најнови вести