Сеир на денот – Сите се со маски, само на еден ептен му личи (Фото)

Луис Суарес со маска на терен во услови на ковид-19 е фотографијата на денот, а алузијата е јасна. Човекот што необјасниво трипати гризна противнички играч е таман за да носи маска во услови на пандемијата со корона-вирусот, се шегуваат на социјалните мрежи.

„Го фатија и Суарес во замка. Сега противниците можат мирно да го чуваат, нема да гризне никого“, е еден од највпечатливите коментари на фотографијата од Луис Суарес од денешниот тренинг.

Уругваецот е еден од најдобрите шпицови на планетата, но имаше три необјасниви потези во кариерата. Најпрво како играч на Ајакс во 2010 година го гризна Отман Бакал од редовите на големиот ривал ПСВ Ајндховен и беше казнет со 7 меча неиграње.

Потоа тоа го повтори во дуелот со Бане Ивановиќ три години подоцна во дербито меѓу неговиот тогашен клуб Ливерпул против Челзи, а казната беше 10 меча пауза.

Уникатниот хет-трик што го има само тој се случи на Светското првенство во 2014 година, кога Џорџо Кјелини настрада од гризењето на Суарес во мечот меѓу Уругвај и Италија.

Суарес моментно не игра бидејќи е повреден од јануари, но се очекува да биде подготвен за настап во продолжение на сезоната, ако ја има во Ла Лига. Уругваецот е на рехабилитација по повредата на коленото.

- Оглас -

Најнови вести