СЕИР НА СИТЕ СТРАНИ: На Клоп му најдоа „нова работа“ во Англија (Видео)

Ливерул ја загуби челната позиција во англиската Премиер лига откако вчера одигра без голови во дуелот со градскиот ривал Евертон. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, главната вина за тоа што неговите играчи не успеаја да дадат гол на „Гудисон парк“ ја посoчи кон времето. Според Клоп, во текот на мечот дувал силен ветер и поради тоа неговите играчи не можеле да направат акција за погодок.

Ваквите изјави и оправдувања на Клоп веднаш беа инспирација за сеир на сметка на германскиот стратег. На социјалните мрежи веќе го поставија Клоп како нов презентер на временската прогноза во Англија, а навивачите имаа и други креативни идеи на тема „Клоп и ветерот“.

- Оглас -

Најнови вести