Сеир на сметка на Вернер и Челзи – Тој е „новиот“ Фернандо Торес (видео)

Лајпциг претходно денеска ремизираше на домашен терен против Падерборн при конечни 1-1 иако домаќините беа огромни фаворити во пресрет на дуелот. Избраниците на Нагелсман поведоа преку Шик во 27-та минута, но откако останаа со играч помалку му овозможија на Падерборн да се спасува од пораз, што и се случи во судиското надополнување.

Нешто повеќе од дваесетина минути до крајот на мечот, Вернер имаше прилика да ги запечати трите бода за Лајпциг при соло контра-напад, меѓутоа германскиот голгетер промаши златна прилика и празен гол. Вернер успеа да се ослободи од противничкиот голман, но лошо ја зафати топката која помина до дирекот.

https://twitter.com/Complaxes/status/1269293689643438082

Фудбалските фанатици на социјалните мрежи веднаш започнаа да се сеирчат на сметка на Вернер, но и на Челзи каде што Германецот треба да ја продолжи сезоната по договорениот трансфер. Дури потсети на Фернандо Торес и неговото промашување против Манчестер јунајтед од 2012 година, иако Шпанецот беше во поповолна позиција да реализира.

- Оглас -

Најнови вести