Сеир на социјалните мрежи, составен е идеален тим од фудбалски затвореници (Фото)

Гилфи Сигурдсон е уапсен поради сомневање за педофилија, а играчот на Евертон е под истрага за нелегални и срамни контакти со малолетници и ако се потврдат сомневањата, ќе добие и затворска казна.

Новиот срамен случај во фудбалот донесе лавина од коментари, а за да не биде сè толку црно, се погрижија од „Трол Фудбал“ и објавија идеален тим од фудбалски затвореници.

Тренер е Зоран Мамиќ, кој е под истрага за финансиски малверзации во Динамо Загреб. Тимот е именуван како ФК Затвор, а има познати имиња и сите биле под истрага за различни кривични дела и минале одреден период зад решетки.

 

- Оглас -

Најнови вести