Сеирот на денот е на сметка на Роберт Левандовски

Роберт Левандовски во изминативе неколку дена беше во центарот на вниманието благодарение на четирите погодоци кои ги даде на гостувањето во Белград против Црвена ѕвезда во Лигата на шампиони. По тој меч, Полјакот на своето конто за оваа сезона имаше 27 гола во 20 средби за Баерн Минхен.

Првиот напаѓач на Баерн дури и на својот твитер профил се пофали дека е многу добар и постојано ги тресе противничките мрежи. „Морам да признам, зависник сум од давање голови“, напиша Левандовски по четирите дадени гола против Црвена ѕвезда.

Следниот предизвик за Левандовски беше денеска во Минхен против Баер Леверкузен. Иако Баерн беше голем фаворит, гостите славеа со 2:1, а Полјакот не даде гол. Веднаш по мечот, од Баер Леверкузен му возвратија на Левандовски со порака „можеме да ти помогнеме да ја излечиш зависноста“.

 

- Оглас -

Најнови вести