Сеирот од Ел Класико е на сметка на Серхио Рамос (Видео)

Реал Мадрид одигра 1-1 на гости кај Барселона во првиот меч од полуфиналето на Купот на Шпанија и сега има добра шанса на свој терен да се пласира во финалето. Кралскиот клуб имаше и предност од 1-0 на полувремето, но Барселона во вториот дел успеа да израмни.

Малком погоди за радост на навивачите на Барселона, а интересно е дека капитенот на Реал, Серхио Рамос, во таа ситуација многу лошо реагираше. Рамос веруваше дека шутот на Малком ќе биде непрецизен и едноставно ги крена рацете сакајќи да покаже дека има контрола врз ситуацијата. Сепак, на негово изненадување, топката наместо покрај голот, завржи во мрежата на Реал Мадрид.

https://youtu.be/dzXxPzdz9xM

Освен ситуацијата при постигнување на голот на Барселона, Рамос еднаш беше „пратен и по бурек“ по една акција на Самедо.

https://twitter.com/ninellefcb/status/1093344931379318785

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести