Сејдини: Горди сме на одлучноста, самодовербата и почитта кон дресот на македонската репрезентација!

Фудбалската федерација на Македонија изразува благодарност кон сите што беа вклучени во организацијата на натпреварите на македонската А репрезентација и македонската селекција до 21 година.

„Поставивме високи стандарди кои се однесуваат на епидемиолошките мерки и упатуваме благодарност, пред сѐ, затоа што сите ги почитуваа мерките и препораките од здравствениот протокол.

Навистина е штета што публиката и навивачите на македонската репрезентација не можеа во живо да ги гледаат натпреварите против Шпанија и Ерменија, но мораме да бидеме одговорни и во целост да го спроведуваме државниот здравствен протокол, сѐ со цел најскоро што може да се вратиме на нормалниот живот.

Навистина сме горди на нашите две репрезентации, на фудбалерите, стручниот штаб и сите кои се вклучени во работата на репрезентациите. Покажаа одлучност, самодоверба и почит кон дресот на македонската репрезентација. Честитки за остварените резултати и се радуваме на следните предизвици.

Фудбалската федерација на Македонија, исто така, во рамките на своите можности и се разбира доколку тоа од нас го побараат одговорните од Националната арена ’Тодор Проески’, ќе се стави во функција за подобрување на квалитетот на теренот на Националната арена, иако сосема ни е јасно дека во услови на многу натпревари и тренинзи во краток временски период, луѓето кои се одговорни за одржување на теренот дадоа сѐ од себе за негово одржување.

Напред Македонија!“напиша претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

- Оглас -

Најнови вести