Сејдини во следните две години на чело на ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија го доби својот нов, петти претседател, а тоа е Муамед Сејдини. Тој во претходните осум месеци беше вршител на должноста, а сега доби двегодишен мандат да работи како претседател на ФФМ. Вкупно 82 делегати (од присутни 90) гласаа за изборот на Сејдини, кој беше единствен кандидат.

Сејдини ќе ја води федерацијата само две години, до истекот на мандатот на делегатите на Собранието, по што ќе има нови избори во општинските сојузи и ќе се бираат нови делегати.

На Собранието во Охрид присутни беа претставници на ФИФА, УЕФА, МОК, но и од Агенцијата за млади и спорт, иако оваа агенција вчера најави бојкот на ова Собрание.

„Голема е честа да се биде прв човек на ФФМ, а уште поголема да се борам за доброто на македонскиот фудбал. Вратата во ФФМ секогаш ќе биде отворена за вљубениците во фудбалот. Сакам, заедно сите да се соочиме со предизвиците и да ги прифатиме со две раце. Ве убедувам дека не погрешивте со изборот. Би сакал да изразам голема благодарност до УЕФА и до ФИФА, организациите кои се нераскинлив дел од нашето работење и се надевам дека ќе бидеме горди на низа заеднички проекти и во иднина“ – изјави Сејдини после изборот.

- Оглас -

Најнови вести