Секој би посакал ваков газда на клуб – 500 навивачи на Хул добиваат „ол инклузив“ патување

Сопственикот на Хул, Акун Илкали ќе израдува 500 навивачи на Хул со „ол инклузив“ патување во хотел со пет ѕвездички во Турција.

Тој, на ваков чекор се одлучи откако 250 навивачи беа на далечните патувања против Свонси и Борнаут и сите тие по свој избор ќе можат да си одберат сопатник за оваа убава екскурзија.

“Најголемиот дел од тие што ќе одат во Турција ќе бидат од тие навивачи што беа на овие две гостувања, додека останатите ќе бидат извлечени од лотарија. Тие ќе добијат пет дена незаборавна екскурзија по целиот овој стрес со Ковид 19“ изјави првиот човек на овој тим.

Петдневната екскурзија ќе биде во прекрасната Анталија која што е еден од најголемите туристички центри.

- Оглас -

Најнови вести