Секој би се заљубил во оваа судијка, не само поради убавината (Видео)

Бразилската судијка Фернанда Коломбо која делеше правда како главен арбитар на еден егзибициски меч во Еквадор, направи хумористичен потег со кој ги собра симпатиите на сите љубители на фудбалот.

Можеби не е најдобрата судијка на светот, но секако е една од најатрактивните, а покажа дека има и фантастична смисла за хумор. Нејзина жртва беше фудбалер, кој играше со рака и играта беше прекината. Фернанда се фати за џебот и кога многумина очекуваа таа да извади картон, извлече марамче и си ја избриша потта. Кога виде дека на исплашениот Киту Дијас му олесна што не добил црвен картон, оваа прекрасна блондинка само му се насмевна, и даде знак играта да продолжи.

Откако во јавноста се појави клипот со оваа финта, Фернанда доби многу фанови низ светот, а еден Турчин преку социјалните мрежи ја побара да жена. „Ќе се омажиш ли за мене?“ – праша Турчинот. Одговорот беше во нејзин стил: „Ќе треба да го прашам маж ми“.

Фернанда е во брак со познатиот бразилски судија Сандро Ричи кој е 16 години постар од неа.

Погледнете ја ситуацијата од ол-стар мечот во Еквадор:

https://www.youtube.com/watch?time_continue=24&v=fsIix_6EIlg

- Оглас -

Најнови вести