Секој прес е нова шанса за Жозе да критикува меѓу редови (видео)

Тотенхем вчера се избори за триумф на гостувањето кај Њукасл со 2-1 и се наметна во трката за местата кои водат во Лигата на Европа. Хари Кејн ја осигури победата за тимот на Жозе Мурињо, кој, пак, по мечот не ја испушти приликата суптилно да ја спомне пресудата на Судот за спортска арбитража околу случајот со Манчестер сити.

„Потребни ми се доста играчи, повеќе од 10, за да бидеме компетентни. Доколку можеме да ангажираме толкав број добри фудбалери, притоа без да ги прекршиме правилата на финансискиот ферплеј, би било супер“, прокоментира Мурињо, алудирајќи на тоа дека Граѓаните трошат како „луди“ и поминуваат без казна.

Пред неколку дена Мурињо ја критикуваше пресудата на ЦАС да ја оттргне забраната на Сити за настап во европските натпреварувања, додека Граѓаните ќе платат само 10 милиони евра, две третини помалку од првичната парична казна добиена со двегодишната суспензија.

- Оглас -

Најнови вести