Секс скандал во младинската репрезентација на Италија (Видео)

Напаѓачот на Јувентус, Моизе Кен, кој е дел од италијанската репрезентација за играчи до 21 година која утре стартува на Европското првенство, на „Инстаграм“ објави клип на кој си се снима самиот, пеејќи една песна, а во позадина се гледа разголено тело кое многу личи на жена.

Ова предизвика бурни реакции во италијанската јавност, се тврдеше дека Кен наместо да мисли на фудбал, во хотелската соба прибира девојки.

Но, после реакциите, се случи голем пресврт. Младата ѕвезда на Рома, Николо Ѕаниоло, се појави на наредната снимка и тврди дека во собата на Кен немало девојка, туку дека тој е всушност голата „жена“.

„Јас сум на снимката, нема никаква жена “ – рече Ѕаниоло, а Кен само се смееше и потврди дека станува збор за недоразбирање.

На прв поглед навистина делува дека кај Кен има жена, но испадна дека тоа всушност е неговиот цимер и репрезентативен колега.

Погледнете зошто многумина помислија дека кај Кен во соба има женска личност:

- Оглас -

Најнови вести