Селекторот на Романија на удар: Речиси пола век немало ваков дебакл

Романија синоќа загуби на гостувањето кај Црна Гора со 2:0, во првиот меч од Лигата на нации, а селекторот Еди Јорданеску го ставија на „црната листа“.

Јорданеску пред неколку месеци седна на селекторското столче, а против Црна Гора по трет пат беше предводник на националниот тим. Дебито го имаше на пријателскиот меч против Грција кога Романија загуби со 1:0, а потоа одигра и нерешено 2:2 во контролна средба против Израел.

Со синоќешниот пораз, Романија спои три дуели на кои Романија нема победа, а Јорданеску е само четвртиот тренер во повеќе од 100-годишната репрезентативна историја, кој на дебито нема триумф во првите три средби. Претходно таков лош старт имале само уште Ливу Југа во далечната 1938 година, потоа Жан Лапуснеану во 1942 и Стефан Ковач во 1976 година. Тоа значи дека Јорданеску е првиот селектор кој во последните 46 години на првите три селекторски меча нема ниту една победа.

Следниот меч Романија го игра за два дена, на гости кај Босна и Херцеговина.

- Оглас -

Најнови вести