Селекторите на Србија и Хрватска се гушнаа во Катар, си посакаа среќа и ги открија „тајните“ (ВИДЕО)

Утре е ждребот за претстојното Светско првенство, додека, пак, денеска е денот за пристигнување на селекциите. Интересна беше средбата на селекторите на Србија и Хрватска, Драган Стојковиќ – Пикси и Здравко Далиќ, коишто во навистина пријателска атмосфера разменија убави зборови.

Далиќ, којшто е предводник на Хрватска, ја испофали работата на Пикси и играта на нашиот северен сосед.

„Не ја сакам Србија во групата бидејќи сте навистина јаки и на никој нема да му биде лесно со вас. Играте навистина добро и сте ‘тврд орев’ и не може секој да го направи тоа што вие го сторивте во Португалија. Пикси добро ве сложи на теренот и навистина ќе бидете проблем за големите селекции“, изјави Далиќ за Фудбалската федерација на Србија, кој додаде уште една „непријателска“ селекција.

„Франција во последните години ни направи навистина голем број проблеми и се надевам дека нема да ја добиеме во групната фаза. Но, кога сте веќе на СП и сакате да направите добар резултат, тогаш морате да играте против најдобрите и да ги победите“.

Хрватска се наоѓа во вториот шешир, додека Србија е во третиот и навистина е можен дуел меѓу овие две балкански селекции.

- Оглас -

Најнови вести