„Добредојде дома Енис Барди“, објави селекторот Игор Ангеловски на социјалните мрежи. Ова најверојатно значи дека Барди кој е важна алка во синџирот на Ангеловски, веќе не е позитивен на коронавирус, и ќе може да почне да тренира. До првиот меч на Македонија на Еуро 2020 има уште осум дена, и приклучувањето на Барди во тимот е одлична вест.
Уште кога беше објавено дека Барди е позитивен, популарниот Мрме вети: „Без тебе не тргнуваме за Букурешт“. Ветено-сторено.