Селекторот Лазаров го објави репрезентативниот список и најави враќање на една легенда

Новиот селектор на македонската ракометна репрезентација, легендарниот Кирил Лазаров го објави својот прв поширок список на играчи кои може да се најдат за следниот дуел, против светскиот првак Данска. На списокот на Лазаров има дури 5 ракометари, а посебно внимание привлече враќањето на Филип Миркуловски.

Играчот на Вецлар не можеше да го одбие повикот од Лазаров, а интересно е што Миркуловски ќе биде во двојна улога. Освен во играчкиот кадар, тој се најде и на листата на стручниот штаб на репрезентацијата. Лазаров во својот стручен штаб освен Миркуловски ќе ги има и Бранислав Ангеловски, Ацо Јоноски и Билјана Црвенкоска, која ќе биде прва дама во ваква улога.

Македонија на 11 март во Скопје ќе игра против Данска, а три дена подоцна е реваншот на гостински терен. Ова ќе бидат мечеви во рамките од квалификациите за ЕП 2022.

- Оглас -

Најнови вести