Репрезентацијата на Англија ја победи Финска на гостински терен со 1-3 и колку толку се извади за киксот со Грција на домашен терен и поразот од 1-2. Сепак, на англичаните допрва им претстои борба за првата позиција и враќање во „А“ дивизијата на Лигата на нации, со оглед на тоа дека нашиот јужен сосед има максимални 12 бода после четири натпревари.
Англија од клупата на натпреварите од Лигата на нации е предводена од Ли Карсли, кој ја има улогата на привремен селектор после заминувањето на Герет Саутгејт, а според изјавата која ја даде, нема намера да остане на селекторската позиција.
„Мислам дека оваа работа ја заслужува некој тренер од светска класа, кој освојувал трофеи и поминал многу. Јас се уште сум на пат да направам такво нешто.“ – рече Карсли.
Тој пред да ја преземе сениорската репрезентација на Англија, беше селектор на селекцијата за фудбалери до 21 година.