Селекторот на Англија во составот повика фудбалер против кого се водат над 250 обвиненија

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за првиот дел од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година. Гордиот Албион во мартовскиот циклус ќе игра против Италија и Украина, а во групата се уште и нашата Македонија, како и селекцијата на Малта.

На Светското првенство во Катар, Англија стигна до четвртфиналето, а на ЕП ќе треба да го брани среброто освоено од континенталниот собир во 2021 година. Од сите играчи кои се на списокот на селекторот Саутгејт, едно име посебно го привлече вниманието. Тоа е напаѓачот на Брентфорд, Иван Тонеј.

Голгетерот на Брентфорд е во одлична форма и заслужува да биде дел од националниот тим, но тоа е човек против кого се водат 262 обвиненија, од кои дури 232 за обложување, кое е недозволено за професионалните фудбалери. Токму поради тие обвиненија, Тонеј не беше дел од составот на Англија на Мундијалот во Катар, но селекторот Саутгејт сега реши да го повика.

- Оглас -

Најнови вести