Селекторот на европскиот првак воопшто не се плаши од Панцерите

Фернандо Сантош, селекторот на Португалија, во пресрет на утрешното дерби против Германија вели дека воопшто не се плаши од противникот.

Европскиот првак на сигурен начин со победа од 3-0 над Унгарија тргна во походот кон одбрана на титулата, па сега го очекува дерби против Панцерите, кои пак доколку загубат, може да бида отпишани за нокаут фазата.

„Германија има фантастичен тим кој игра колективно и сака да доминира на теренот. Меѓутоа, воопшто не се плашам од квалитетот на нашиот противник. Португалија во изминатите години прерасна во велесила иако претходно важевме за фаворити на големите натпреварувања. Денес покажуваат повеќе респект кон нас, ние го оправдуваме тоа речиси редовно, а утре ќе одиме на нови три бода бидејќи сè друго ќе биде неуспех за нас“, посочи Сантош.

Португалија и Франција имаат по три бода во групата Ф, што значи дека нова победа ќе го насочи бранителот на тронот на Европа кон следната фаза од првенството.

- Оглас -

Најнови вести