Селекторот на некогашниот двократен светски првак е убеден дека неговиот тим е најдобар

Низ историјата на Светските првенства, репрезентацијата на Уругвај двапати била на планетарниот трон и заедно со Аргентина и Бразил се единствените селекции кои не доаѓаат од Европа, а биле најдобри во светот. Уругвај ја нема силата од минатото, но селекторот Диего Алонсо е непоправлив оптимист и вели дека ја има најдобрата селекција на Мундијалот.

„Кога кажувам дека уругвајските фудбалери се најдобри на светот, го кажувам тоа затоа што се мои. Тоа никако не е ароганција. Тоа се чувства. Тоа го чувствувам, мои се и најдобри се. Тие за мене се мои деца и се најдобри во светот“, вели Алонсо.

Уругвај се подготвува за првиот меч на Мундијалот во Катар, и тоа утре против Јужна Кореја. Селекцијата на Уругвај во своите редови ги има едни од најискусните фудбалери, па во составот се капитенот Диего Годин (36 години), голманот Фернандо Муслера (36), Мартин Касерес (35), Луис Суарес (35) и Единсон Кавани (35).

- Оглас -

Најнови вести