Селекторот на Србија најави: Не смееме да го разочараме Ѓоковиќ, мора да играме во финале

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси е задоволен од последниот контролен меч што го одиграа неговите играчи и победата од 5:1 над Бахреин. Во пресрет на Мундијалот, со свои очекувања за пласманот на Србија се јави и легендарниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Секогаш оптимистички настроениот Ѓоковиќ најави дека планира да оди во Катар за да го гледа финалето на Светското првенство и таму да игра Србија. По оваа изјава на Ноле, Пикси рече дека сега мотивот кај фудбалерите е уште поголем.

„Ако така рекол Новак, тогаш не смееме да го разочараме. Мораме да стигнеме до финалето. Секако дека навивачите се оптимистички настроени и ние тоа го сфаќаме. На нас останува да бидеме максимано подготвени и да го дадеме најдоброто. Ако некој биде подобар од нас, ќе мора да му честитаме. Во секој случај, нема лесно да се предадеме“, рече селекторот Стојковиќ-Пикси.

Србија во првото коло игра против петкратниот светски првак Бразил, а во групата се уште и Швајцарија и Камерун.

- Оглас -

Најнови вести